"Доста"! Зошто кампања за подигнување на свеста за Ромите
"Доста", ромски збор што исто така значи доста е кампања на Советот на Европа и на Европската комисија, за подигнување на свеста за Ромите која има за цел да ги доближи не-ромските поблиску до граѓаните Роми преку рушење на бариерите предизвикани од предрасудите и стереотипите.
Иако Ромите се во Европа уште од 14 век, тие не се секогаш признаени од страна на мнозинството како рамноправен европски народ. Многу ромски заедници денес живеат во тешки услови и нивното учество во јавниот живот е крајно ограничено.
Во текот на изминатите години, постигнат е одреден напредок во унапредувањето на економскиот и социјалниот развој на Ромите во Европа.
Сепак, овие напори наидуваат на сериозни пречки предизвикани од длабоко вкоренетите верувања и предрасуди.
"Доста" значи дека ние сакаме да ги запреме предрасудите и стереотипите не преку нивно негирање туку преку нивно кршење, покажувајќи го вистинското лице на Ромите. Тие секако не се совршени, но кој е совршен?
Она што е сигурно е дека Ромите се граѓани на Европа: тие се група од околу 10 милиони луѓе и може да се најдат во скоро сите земји-членки на Советот на Европа; во некои централни и источно-европски земји тие претставуваат повеќе од 5% од населението.
Со тоа што се граѓани на Европа, Ромите имаат не само обврски туку и права и аспирации како и сите останати, па затоа нивните граѓански и човекови права мора да бидат признаени. Допопнително, ромската култура е рамноправен дел на европското културно наследство: таа секогаш придонесувала кон збогатувањето на европските општества. Сега конечно е време да го признаеме овој придонес.
Подобриот живот е право на секого!
Кампањата "Доста" е дел од пошироката Заедничка програма "Еднакви права и третман на Ромите во Југоисточна Европа" на Советот на Европа и Европската комисија која се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Србија, поранешната југословенска Република Македонија, во текот на 2006 и 2007 година. Јасно е дека овие пет земји имаат различни стратегии во однос на Ромите, различни културни милјеа, општествени норми и различни нивоа на равој на граѓанското општество. Сепак, пораките кои "Доста" сака да ги пренесе се исти за сите европски земји. Сите ние сме различни, но тоа сепак не прави разлика!
Leaflet: Доста! Кампања за подигање на свеста за Ромите
Kako da se priklu~ite na Kampawata Dosta!
Dali ova e stereotip? Alatka za borba protiv stereotipite kon Romite
Barawe za video materijal za kampawata Protiv predrasudite kon Romite
Also visit: